Протеинско „smoothie“

Ова протеинско „smoothie“ е вистински поткренувач на енергијата. Помага при одржување на цврсто тело и одлично е за закрепнување од долгите тренинзи.

Потребни состојки:

2 супени лажици јогурт

120 мл свежо цеден сок од портокал

10 цреши

1 банана

5 ореви

Семиња (сочноглед, семки од тиква…)

Коцки мраз

SLIKA-2

Начин на подготовка:

Отстранете ги семките од црешите. Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во чаша и декорирајте со дробени ореви.

На здравје!

 

Е.С.

насловна сл/ myvega.com

сл2/ nutritionfor.us

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.