Зачувајте ја убавата насмевка

Убавата насмевка го надополнува Вашиот надворешен изглед, па токму затоа постојано мора да внимавате на здравјето на Вашите заби. За да се спречат болестите на забите, непцата и усната празнина, потребно е да создадете навика за нега на забите. Многу е важно забите да се мијат после секој оброк, како и пред спиење.

slika-1

Паста за заби – При изборот на паста за заби, најважно е да изберете паста која содржи флуор! Флуорот може да го спречи оштетувањето на забите дури до 40%. Консултирајте се со Вашиот стоматолог за изборот на соодветна паста за заби.

Четка за заби – При купување на четка за заби, одберете ја онаа која има меки влакна, чии краеви не се остри, туку заоблени, со што ќе овозможите нежна масажа на гингивата, со цел здрави непца и добра циркулација. Четките со тврди влакна можат да го оштетат емајлот на забот. Во зависност од големината на усната празнина, одберете ја и големината на главата на четката. Менувајте ја четката на секои три месеци.

slika-3

 

Раствор за плакнење – Растворот за плакнење го освежува здивот, но не ги чисти и не ги штити забите. Растворот кој во себе содржи флуор, околу забите создава заштитен слој кој ја спречува појавата на кариес.

 

 

slika-2

Забен конец –  Со забниот конец се чисти просторот меѓу забите каде што останала храната која што не се исчистила со пастата и четката за заби. Препорачливо е користење на конец за заби барем еднаш дневно.

Чистач за јазик – Најголем број на микроорганизми се собираат на јазикот, а потоа предизвикуваат непријатен мирис во устата. Затоа, неопходно е секојдневно да се чисти со посебен чистач за јазик.

 

Е.С.