5 изненадувачки сознанија за Вашето тело

5 ИЗНЕНАДУВАЧКИ РАБОТИ КОИ НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ ЗА ВАШЕТО ТЕЛО

Човечкото тело е чудо на природата. Ви нудиме 5 интересни работи кои сигурно не сте ги знаеле за Вашето тело:

Имаме помала концентрација од златна рипка. Само колку за споредба, концентрацијата на човекот трае 8 секунди, а на златната рипка трае 9. Пред околу 5 години, концентрацијата на човекот била 12 секунди, но таа постепено почнала да се намалува поради сè побрзиот начин на живеење и сè поголемото ниво на информации.

SLIKA-2

Потта нема непријатен мирис. Непријатниот мирис всушност доаѓа од бактериите кои се наоѓаат на кожата. Потта во комбинација со топлината создава идеално легло за развој на бактерии, а за да се спречи оваа непријатна појава треба секојдневно туширање, употреба на антиперспирант, отстранување на влакненцата под пазувите, внимавање на исхраната и носење на памучна облека.

Со дишењето ги отстрануваме масните наслаги. Популарно е мислењето дека со вежбањето маснотиите во телото се претвораат во енергија, но всушност, маснотиите кои ги трошиме при вежбањето се претвораат во јаглерод диоксид 84% и течност 16%.

Пукањето на прстите не предизвикува артритис. Доколку и Вие сте едни од оние кои постојано ги пукаат прстите, не се грижете, бидејќи не постои ниту едно истражување кое укажува дека тоа предизвикува артритис. Единствено што може да се случи е да ги истегнете лигаментите, затоа внимавајте!

SLIKA-3

Наутро сме повисоки. Во текот на денот постојат мали варијации во висината. Значи, секое утро сме барем за 1 см повисоки, а како поминува денот, колената почнуваат постепено да се стегаат, односно се притиснуваат и тоа влијае врз висината.

 

Е.С.

pic1/ myproana.com

pic2/ blog.fmh.org

pic3/ virginradio.fr

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.