8 грешки при нанесувањето на дезодоранс

Многу луѓе постојано употребуваат дезодоранс или антиперспирант без притоа да размислат што навистина се случува долу под пазувите. Ова се 8 грешки кои ги правите при употреба на дезодорансот:

Не го нанесувате на чиста кожа. Откако ќе се истуширате треба веднаш да го нанесете, во спротивно под пазувите ќе се собере повеќе пот, а понатамошното нанесување ќе нема никаков ефект.

Несоодветен дезодоранс. Доколку имате нежна кожа, не треба да употребувате дезодоранс со многу хемикалии. Доколку пак, се потите многу, употребувајте антиперспирант.

SLIKA-2

Употребувате производи за нега на тело со различни мириси. Доколку Вашиот дезодоранс мириса на рози, гелот за туширање на чоколадо, а млекото за тело на кокос, мирисите ќе се измешаат и на крајот нема да мирисате воопшто пријатно. Пробајте да употребувате производи со слични или исти мириси.

Повторно го нанесувате на нечиста кожа. Веќе сите знаеме дека дезодорансите не траат онолку колку што нам ни е потребно, па секако, мора повторно да нанесеме од него. Но, пред да го нанесете повторно, измијте ја кожата под пазувите, а не да го нанесете врз слој од пот.

Не нанесувајте антиперспирант пред спиење. Идеално време за нанесување на антиперспирантот е преку целиот ден, но не и навечер пред спиење. Токму тогаш кога порите се отвораат повеќе, не сакате да ги затворите со него.

Нанесувате премногу дезодоранс. Од причина што некои дезодоранси имаат силни хемикалии, можат да предизвикаат чешање на пазувите, затоа не го нанесувајте премногу.

SLIKA-3

Го употребувате наместо туширање. Иако дезодорансот има голема улога во хигиената, тој не може да го замени туширањето, напротив, ќе мирисате уште полошо.

Го нанесувате на облеката. За да делува правилно, дезодорансот се нанесува на кожата, а не врз облеката.

 

Е.С.

pic1/ nydailynews.com

pic2/ apextribune.com

pic3/ kadinsalmevzular.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.