Воспаление на мускули – што треба да знаете?

Воспалението на мускулите е сосема природна појава при напорно вежбање. Тогаш во структурата на мускулните влакна доаѓа до микрооштетување што резултира со воспаление и болка. По ова мускулот брзо се опоравува со што станува и посилен, а со честото повторување на вежбите престанува да се воспалува и да боли.

Воспалението ма мускулите не мора да се случи веднаш по вежбањето. Тоа може да се појави дури и по 36 часа. Времетраењето на болката трае најмногу 3 дена, но доколку трае и подолго од 3 дена, многу е веројатно дека сте се повредиле. Затоа, Ве советуваме да посетите лекар.

SLIKA-2

Воспалението можете да го намалите со истегнувате пред вежбањето, со правилна исхрана и хидратација или со движење. 2 шолји кафе, 1 час пред вежбањето го намалува ризикот од воспаление за 50%. Исто така, и ѓумбирот и лубеницата ја намалуваат болката за 25%. Лутите пиперчиња содржат капсаицин ја намалуваат болката со што го блокираат патот за сигналот за болка кој би требало да стигне до мозокот.

Сепак, најдобро решение во ваква ситуација е движењето, без разлика на тоа колку сакате да одморате. Движењето помага во подобрување на циркулацијата, а таа помага во подобрување на мускулите.

Препорака плус: Побарајте ја Реумагал колекцијата од Галафарм, во поголемите аптеки.

Како помага оваа колекција?

Повеќе на следниот линк 

REUMAGAL

 

Е.С.

pic1/ netdoctor.co.uk

pic2/ rihealthandfitness.com

pic3/ enkivillage.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.