Листа на продукти за совршен изглед без шминка

Во текот на летниот период, поради топлото време, кожата реагира на различни начини, од појава на мозолчиња, па се до сериозни кожни проблеми. Затоа, потребно е да внесувате храна која ќе го лади и Вашиот организам од внатрешноста, а и кожата ќе ја одржува под контрола. Затоа, Ви нудиме листа на продукти кои ќе овозможат да имате прекрасна кожа и совршен изглед и без шминка.

Краставица. Таа е одлична во борбата против акните, за ослободување од подочниците, а има и одлични својства кои позитивно влијаат врз стареењето на кожата.

Лубеница. Совршено оладената лубеница е одлична за хидрирање на кожата. Содржи витамин А, Б6 и Ц кои на кожата ѝ даваат виталност и заштита од Сонцето.

Грозје. Благото грозје е одлично за ладење на организмот. Одлично е во борбата против мозолчињата, содржи голем број антиоксиданси, витамин Ц и Б.

SLIKA-2

Кокосова вода. Одлично ја хидрира кожата и ја чисти одвнатре. Исто така, ги отстранува несаканите маснотии и црвенилото.

SLIKA-3

Ментол. Ја поттикнува циркулацијата, а со тоа ја намалува и појавата на мозолчиња и ја обновува кожата. Поради својството на ладење го опушта телото со што се намалува стресот, а со тоа се намалува и стареењето на кожата.

Куркума. Има против-воспалително дејство и на кожата ѝ дава сјај, мекост и еластичност.

Анасон. Тој е одличен избор за осетлива кожа. Ја ублажува иритацијата, а поради витаминот Ц, ја подобрува еластичноста на кожата и ја намалува појавата на мозолчиња.

 

Е.С.

pic1/ eatingrichly.com

pic2/ bhmpics.com

pic3/ foodandnutrition.org

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.