Видео: Фитнес вежби на трамболина

Доколку мислите дека скокањето на трамболина е само детска игра, размислете повторно. Скокањето на трамболина е еден од најновите фитнес трендови и претставува забавен начин за обликување на телото.

Во текот на тренингот се активираат повеќе од 400 мускули. Во текот на вежбањето се скока горе-долу во комбинација со најразлични вежби за нозете. Жените можат да вежбаат и со тегови од 1до 2 кг., а мажите со тегови до најмногу 3 кг. Овие вежби одлични се за подобрување на кондицијата и одржување на баланс на телото.

Ве советуваме да го погледнете ова 25 минутно видео и да започнете со тренингот.

 

Е.С.

pic1/ fitnessjumping.pl

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.