Како да готвите поздраво?

Оброците кои ги подготвувате понекогаш содржат доста „тешки“ состојки. Затоа, Ви предложуваме други состојки кои можат да ги заменат истите, а секако ќе бидат и поздрави. На крај, секако јадењето ќе биде превкусно, а Вие ќе внесете помалку калории, маснотии или шеќери.

За подготовка на мајонез, освен јајца, употребувајте и јогурт.

Во колачињата, наместо маст, ставете испасирана банана.

Во руската салата наместо мајонез, ставете го следниов микс: варена жолчка од јајце, маслиново масло, сенф и јогурт.

Во палачинките наместо да ставите мармалад кој изобилува со шеќер, исецкајте суво овошје на ситни парчиња и употребете ги како замена.

SLIKA-2

Во филот за торта ставете темно чоколадо и нискомаслено млеко. Вкусот ќе биде ист како на млечно чоколадо.

Во чорбата, наместо сол, употребете босилок бидејќи тој е негова одлична замена.

SLIKA-3

Доколку сакате да ја намалите количината на  маснотии во колачињата, наместо маст додадете уште едно јајцеили неколку супени лажици ладна вода.

Во оброците кои содржат кечап, употребете густ сок од домати во кој ќе додадете малку шеќер и оцет.

 

Е.С.

pic1/ eatthis.com

pic2/ thecookingtale.com

pic3/ bigoven.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.