Појадок за секого

Организмот и во текот на спиењето троши енергија. Иако е значително помала енергијата, сепак се троши, па затоа никогаш не го прескокнувајте појадокот, бидејќи тој е најважниот оброк во текот на денот.

Појадок за гурмани. Оние кои стануваат од спиење рано наутро, а и кои имаат доволно време за појадок треба да си направат сендвич со риба заедно со јогурт или свежо исцеден сок од било кое овошје.

SLIKA-2

Појадок за спанковци. Оние кои стануваат од спиење доцна наутро треба да јадат полесна храна која ќе содржи малку масти и многу јаглехидрати. Значи, за нив идеален појадок е овошје, житарици и мед заедно со чај или бело кафе.

Појадок за лица под стрес. Оние лица кои се под стрес, најчесто и немаат доволно време за појадок и затоа го прескокнуваат и пијат само утринско кафе. Доколку веќе е така, потрудете се кафето да биде без кофеин.

Совет: Потрудете се и покрај брзањето, да земете со себе некое овошје, или житен десерт. Никогаш не останувајте гладни.

SLIKA-3

 

Е.С.

pic1/ rd.com

pic2/ seriouseats.com

pic3/ execusuitesomaha.wordpress.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.