Како да се користат контактни леќи на одмор?

Многу луѓе не ја разбираат сериозно грижата за контактните леќи, особено во летниот период додека се на одмор. Иако, за разлика од очилата, контактните леќи овозможуваат непречено бањање, сончање и други уживања во летните активности, недоволната грижа за нив овозможува и појава на различни воспаленија и инфекции.

SLIKA-2

Затоа, Ви нудиме неколку совети за тоа како правилно да ги употребувате контактните леќи додека сте на море.

Не ги допирајте очите со нечисти раце. За да ја избегнете појавата на инфекции при допир со нечисти раце, со себе секогаш носете си антисептичко средство за суво миење на рацете.

Исперете ги честичките прашина од леќите. Додека играте одбојка на плажа многу е веројатно дека честичките од прашина или песок лесно можат да влезат во окото. Притоа, нив не е доволно само да ги отстраните бидејќи создаваат непријатност во окото, туку и да ги извадите леките и да ги исперете од можни останати честички.

Не нуркајте со леките. Морската сол не само што може да ги иритира очите, туку може и да ги оштети леќите. Ви препорачуваме нуркање со маска за очи.

SLIKA-3

Сувост во окото. При сончање можете да почувствувате сувост во окото. Затоа секогаш со себе носете си лубрикантни капки за очи кои ќе им ја вратат нивната влажност.

Прво извадете ги леките, а потоа шминката. Иако во летниот период, особено на море се нанесува водоотпорна шминка, сепак, при отстранување на шминката се препорачува напрво да се извадат леќите, а потоа шминката. Доколку не ги извадите леќите, во текот на триењето на очите, во нив може да навлезат честички шминка и да ги оштетат.

Перење со течност за леќи. Пред и после секоја употреба перете ги леќите со течноста за леќи. Исто така, секојдневно менувајте ја водата од касетката за леќи, бидејќи во летниот период таа полесно се топли и станува идеален простор за размножување бактерии.

 

Е.С.

pic1/ sweat.burnthis.com

pic2/ pinterest.com/acepoint

pic3/ scubadiving.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.