Љубовни зборови: Можеш ли?

Дали можам да се припијам во твојата прегратка и да заплачам ако ми се плаче, без да ме укориш? Дали може да ме сослушаш некогаш дури и кога за тебе тоа се само глупости? Дали може да ти ги кажам моите стравови дури и кога немам причина за нив? Дали може да ми дозволиш да ти ја соголам душава кога имам потреба за тоа? Без да ми замериш, без да ми судиш? Само да ме сослушаш и прегрнеш, да ме бакнеш во чело. Понекогаш и да ми помогнеш за совет, да ми кажеш дека се ќе биде во ред.

Дали можеш? Ако го можеш сето ова, тогаш ДА.

Ц.Б.