Ајурведа-балансирање на умот, телото и духот

Ајурведа е целосен систем на лекување кој потекнува од Индија и е стар околу 5000 години. Потекнува од Санскрит зборовите „ayu“ – живот и „veda“ – знаење, што во превод би значело „да се знае за животот“.

Постигнувањето на идеалното здравје е можно само доколку личноста е здрава на ментална, телесна и духовна основа. Ајурведата ја нагласува превенцијата од болести и подмладување на организмот, а посебно внимание посветува на исхраната и на урамнотежен начин на живот.. значи, целта на ајурведа е балансирање на умот, телото и духот.

SLIKA-2

Според Ајурведа, личноста е создадена од пет примарни елементи. Елементите се простор, воздух, оган, вода и земја кои се исти како и кај природата.

Основата на сите наши телесни, ментални и духовни функции се трите животни енергии – doshas, а тоа се: VATA – ветер, PITTA – оган и KAPHA – земја.

Просторот и воздухот се елементи кои се комбинираат да формираат тоа што во Ајурведа е познато како VATA dosha. VATA раководи со принципите на движење и се смета како сила која управува со нервните импулси, респирацијата, циркулацијата и отстранувањето на непотребните материи.

Огнот и водата се елементи кои во комбинација формираат PITTA dosha. PITTA dosha е процес на трансформација на метаболизмот, како на пример трансформирањето на храната во нутриенти. Одговорна е и за ткивниот систем и клеточниот метаболизам.

Водата и земјата се елементи кои се комбинираат за да формираат KAPHA dosha, која е најдоминантна. KAPHA е одговорна за растот и спроведување заштита, на пример клеточната течност и спиналната течност кои го заштитуваат мозокот. Кога дошите се во нерамнотежа, предизвикуваат болест.

SLIKA-3

Според Ајурведа, сите ние сме создадени од уникатен однос на трите доши кој посебно варира кај секоја личност. Тоа е тоа што не прави различни.

 

Е.С.

pic1/ biocbdplus.com

pic2/ divineschoolofayurveda.com

pic3/ padmajaayurveda.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.