Гладување и брзо губење килограми-последици

Доколку сакате за многу кратко време да ја намалите својата телесна тежина размислете уште еднаш! За изгладнувањето ќе платите скапо, и тоа, со здравјето! Еве што точно се случува притоа:

Организмот се исцрпува. Прескокнувањето на оброците го успоруваат метаболизмот, а тоа ќе Ве направи уморни. Кога редовно внесувате храна, метаболизмот работи постојано, а со самото тоа и се забрзува и доаѓа до полесно согорување на внесените калории.

Прејадување. Прејадувањето обично следи веднаш после прескокнатиот оброк и резултира со болки во желудникот и стомакот и со таложење на вишок маснотии, а тоа доведува до зголемување на килограмите.

Проблеми при варење на храната. Претходно, Вашиот организам се навикнал на редовни оброци и кога наеднаш ќе почнете да прескокнувате некои од нив, системот за варење престанува со работа. За да немате проблеми со варењето најдобро е да имате редовни 3 оброка и 2 ужини.

SLIKA-2

Задржување на маснотии. Со прескокнувањето на оброците Вие го збунувате Вашето тело. Дури и да сте го земале оброкот порано од вообичаено, телото мисли дека сакате да го изгладните. Поради тоа, телото почнува да складира маснотии кои ќе ги употребува како „гориво“ во наредниот период.

Хормонален дисбаланс. Прескокнувањето на оброците доведува до хормонален дисбаланс. Станувате понервозни, а со тоа и депресивни поради растењето на кортизолот, доаѓа до пореметување на нивото на шеќерот во крвта поради растењето на инсулинот, а се зголемува и телесната тежина.

Погрешен систем на размислување. Во Вашиот ум се создава погрешна слика дека храната не Ви е приоритет, а тоа дефинитивно не е добро за Вашето здравје!

SLIKA 3

 

Е.С.

pic1/muscles247.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.