Како газираната вода влијае врз организмот?

Веќе знаеме дека негазираната вода е одлична и дека позитивно влијае врз нашиот организам. Но, дали и газираната?

Погодна е за коските. Карбонизацијата не штети на коските. Се покажало дека газираните пијалоци им штетат на цврстината на коските, но не и газираната вода. Таа сепак е вода.

Хидратизира. Негазираната вода не ја заменувајте со газираната, но сепак таа е добра алтернатива во споредба со други пијалоци. Има малку калории и нема шеќери.

SLIKA-2

Одлично влијае врз варењето на храната. Исто како и негазираната вода, и газираната вода одлично влијае врз подобрување на работата на желудникот, варењето на храната и жиговината.

Не им штети на забите. Иако содржи карбонска киселина, таа не им штети на забите, секако доколку не е со додатоци. Кај останатите газирани пијалоци шеќерот е тој кој им штети.

Ќе чувствувате подуеност. Бидејќи карбонот е дополнителен воздух кој го внесувате во организмот, секако дека ќе чувствувате подуеност.

 

Е.С.

pic1/ telegraph.co.uk

pic2/ livethefancylife.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.