Вежба: „Одење“ на колена, за подобро здравје

Кинеската медицина, одењето на колена го препорачува на сите, бидејќи нема несакани ефекти и последици, а го подобрува здравјето на внатрешните органи, особено помага во борба против болестите на јетрата и бубрезите.

На перничињата на колената, односно во делот кај тетивата се наоѓаат точки кои дирекно се поврзани и одговорни за правилна работа на бубрезите, јетрата, па дури и очите. Овие точки треба да се стимулираат.

Таоистичката вежба се прави на под, на кој ќе постелете мека подлога (јорган, ќебе). Движете се полека исклучиво само на колената. За целосен ефект, оваа вежба потребно е да ја практикувате секојдневно околу 15 минути. На почетокот можеби ќе чувствувате болки во колената, но тие ќе исчезнат со зајакнувањето на нозете.

SLIKA-2

Оваа вежба можат да ја прават и оние кои имаат проблеми со болки во грбот, нозете, половината. Односно, болката може да исчезне кај сите оние кои се физички неактивни.

SLIKA-3

 

Е.С.

pic1/ running.competitor.com

pic2/ loyoga.co.uk

pic3/ healthyliving.azcentral.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.