Краткотраен стрес го зајакнува имунитетот?

Спроведен е експеримент врз лабораториски животни кој покажал дека краткотрајниот стрес позитивно делува врз имунитетот.

При стрес, организмот излачува хормони со кои се прилагодува на потенцијално опасната ситуација, а тоа се кортизол, епинефрин и норепинефрин. На тој начин го заштитува организмот со засилено дејство на имунолошкиот систем. Краткотрајниот стрес ја зголемува вредноста на некои елементи на имунолошкиот состав кои се од големо значење во борба против болестите.

Оваа ситуација не е иста и кај долготрајниот стрес. Тука нема ни краток период на опуштање што доведува до отежнато регулирање на воспалителниот процес во организмот, а со тоа се зголемува ризикот од појава на разни заболувања.

SLIKA-2

 

Е.С.

pic1/ sciencedaily.com

pic2/ maintenancephoenix.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.