Причинители за емоционално прејадување

Дали досега Ви се случило да сакате својата тага да ја потопите во сладолед или да ја изедете со некој хамбургер? Многу луѓе имаат такви денови во кои едноставно не можат да престанат со јадење, а тоа е предизвикано од следниве причинители:

Стрес. Стресот е еден од најчестите причинители на емоционалното прејадување. Наместо да посегнете по грицките или колачињата, опуштете се со топла купка, јога или прошетка.

Бес. Доколку ситуацијата која Ве направила бесни не можете да ја контролирате, тогаш внесувањето храна во тој момент сигурно дека можете да го контролирате. Наместо да јадете излезете на кратка прошетка.

Досада. Кога нѝ е досадно, често посегнуваме по кесичката чипс. Но, за среќа ова е еден од најлесните облици на емоционално прејадување кој лесно може да се отфрли. Наместо тоа, сигурни сме дека имате многу други работи кои можете да ги направите, а кои не сте ги направиле одамна. Излезете од дома и не се досадувајте!

Утеха. Емоционалното прејадување често е како утеха од тагата или депресијата. Наместо да јадете, повикајте ги пријателите да Ве развеселат или пак, гледајте нешто комично, во кино или театар.

SLIKA-2

Осаменост. Кога не сакаме да сме сами, без ничие присуство, тогаш посегнуваме по храната за да ја потполниме празнината. Во тој случај, запишете се на некој тренинг или курс. Освен што ќе запознаете голем број луѓе, ќе стекнете и некои вештини.

ПМС. Поради „дивеењето“ на хормоните во овој период често жените се чувствуваат мрзеливи и подуени, па доаѓа до емоционално прејадување. Држете ги грицките подалеку од себе, пијте чаеви и бидете активни.

 

Е.С.

pic1/ marilynmckenna.com

pic2/ wellandgood.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.