Како да намалиме со шеќерот ова лето?

Во текот на летото, особено додека сме на летен одмор, додека пробуваме разни сладоледи, коктели, засладени кафиња, во организмот внесуваме премногу шеќер, а не сме ни свесни за тоа.

Затоа, Ви нудиме неколку совети како да уживате во летоти и летните освежувања, а притоа да воспоставите и контрола на внесувањето на шеќери.

Наутро, пред појадокот, напијте се една чаша лимонада. Така, ќе го регулирате шеќерот во крвта, ќе се намали желбата за благо и ќе ја подобрите работата на желудникот.

Потоа, напијте се кафе или чај засладен со билката стевија. Оваа билка не содржи калории, но екстрактот може да биде од 200 до 300 пати посладок од истата количина бел шеќер. Можете да ја најдете и како течност или како концентрат во прав.

SLIKA-2

Со оваа билка можете да подготвувате и слатки колачиња или пак, коктели.

Доколку пак, имате желба за сладолед, подгответе си го во домашни услови од изблендирано овошје по Ваша желба и оставете го да се замрзне во фрижидерот за длабоко замрзнување.

SLIKA-3

Не заборавајте и на прекрасните „smoothies“. Секогаш можете да си подготвите вкусно smoothie во комбинација со какао или мед.

 

Е.С.

pic1/ bydewey.com

pic2/ ukr.segodnya.ua

pic3/ biggerbolderbaking.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.