Без што не можете да се замислите на плажа?

Не можам да се замислам без костим за капење се разбира, млеко со СПФ фактор за сончање и очила. Секако и пешкир.

ГАЛА-девојка, 25

 

Одењето на плажа за мене е незамисливо ако немам очила за сонце, капа или шешир, бикини, и убав пешкир.

ГАЛА-девојка, 23

 

Без производ за сончање, очила за сонце, капа (шешири не обожавам), 2 пара удобни бикини, шише негазирана вода. Тоа ми е доволно, и секако една голема торба со прегради за да ги сместам овие работи.

ГАЛА-девојка, 26

 

Не можам летото на плажа да го замислам без соодветна заштита од штетните сончеви зраци, квалитетни очила за сонце, интересна книга, ладен освежителен пијалак или вода, и секако убави бикини.

ГАЛА-девојка, 28

 

На плажа не можам да се замислам без убаво друштво, без паричникот, без очила и шешир за заштита од сонцето, без мобилниот телефон, без апостолки, без вода, четка за коса, без некој убав и мек пешкир. И млеко за сончање.

ГАЛА-девојка, 24

 

SLIKA-2