Летово хидрирајте се со овие топ 10 намирници

Во текот на летниот период особено е важно да останеме хидрирани. Освен со вода, тоа можете да го постигнете и со консумирање на овошје и зеленчук. Не само што ќе останете хидрирани, туку ќе внесете и голем број витамини во организмот. Еве ја листата на топ 10 намирници за хидратација:

Целер. Целерот содржи 95% вода. Богат е со фенолна киселина, фитостеролим и флавонолим.

Краставица. Краставицата содржи 95% вода. Богата е со витамин К.

Лубеница. Лубеницата содржи 95% вода. Богата е со антиоксиданси и не содржи маснотии.

SLIKA-2

Домат. Доматот содржи 94% вода. Богат е со алфа-липоична киселини. Содржи 22 калории и не содржи маснотии.

Јагоди. Јагодите содржат 92% вода. Богати се со витамин Ц, влакна фолна киселина и антиоксиданси.

Диња. Дињата содржи 90% вода. Богата е со витамини А и Ц, калиум и влакна.

Морков. Морковот содржи 90% вода. Богат е со бета каротен и витамин А.

Брокула. Брокулата содржи 90% вода. Богата е со витамин Ц и К, минерали и фито-нутриенти.

Спанаќ. Спанаќот содржи 90% вода. Богат е со железо и калиум.

Цитрусно овошје. Цитрусното овошје содржи 90% вода. Богато е со витамин Ц.

SLIKA-3

 

Е.С.

pic1/ brit.co

pic2/ greatist.com

pic3/ adobephotoshoptutorial4all.blogspot.mk

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.