Хранете се здраво и со ограничен буџет

Водењето здрав живот изгледа малку поскапо, во споредба со нездравата храна. Но, Ви нудиме совети како и понатаму да продолжите да јадете здрава храна со помалку парични средства.

Не консумирајте брендови. Светски познатата брендирана храна, по својот состав често е идентична со онаа која не е светски позната. Слободно можете да ги пробате овие производи и доколку Ви се допаѓаат продолжете да ги консумирате, така ќе заштедите повеќе пари.

Информирајте се за цените пред да го посетите маркетот. Маркетите нудат секојдневни акции и намалувања на одредена стока. Затоа, пред да посетите одреден маркет, посетете ја неговата web страна на која ќе се информирате за сите попусти. На овој начин навистина ќе можете да заштедите.

SLIKA-2

Свежо овошје и зеленчук. Здравите шејкови, енергетските плочки и на нив сличните производи се прилично скапи. Наместо тоа, почнете да консумирате свежо овошје и зеленчук како јаболки, моркови,банани, житарици. Тие се многу поекономични, а крајниот ефект е ист.

Предјадењето во росторан е доволно. Порциите во рестораните често се доволни за еден оброк. Така, нарачајте си една салата и предјадење кое ќе биде базирано на протеини. Ќе внесете помалку калории и ќе имате разновидност во исхраната.

 

Е.С.

pic1/ everydayhealth.com

pic2/ plus.google.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.