„Smoothie“ со папаја и ананас

Во овие топли летни денови подгответе си ладно тропско освежување, каде ќе го нагласите вкусот на папајата. Ве советуваме да го пробате овој рецепт.

SLIKA-2

Потребни состојки:

250 мл млеко

1 ананас

3 папаи

1 супена лажица мед

½ кафена лажица чиа семе

Неколку коцки лед

Начин на подготовка:

Ананасот и папаите излупете ги. Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во чаша и декорирајте со парче ананас.

На здравје!

SLIKA-3

 

Е.С.

pic1/ lightorangebean.com

pic2/ pinterest.com

pic3/ yummly.co.uk

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.