Нуспојави при елиминирање на кафето

Доколку одеднаш го отфрлите кафето од употреба, се претпоставува дека ќе ги почувствувате овие 7 нуспојави:

Ќе бидете понервозни – но само во почетокот. Неколку дена ќе ги чувствувате последиците од невнесувањето кофеин – умор, главоболка и промени во расположението.

Ќе изгубите по некој килограм – не сте ни свесни колку калории имаат оние кафиња кои ги пиете во кафулињата.

SLIKA-2

Но, може и да додадете некој килограм – кофеинот привремено го намалува апетитот, но доколку не го консумирате почесто ќе се чувствувате гладни.

Подобро ќе спиете и ќе имате повеќе енергија – кофеинот го пореметува сонот. Доколку испиете кафе 6 часа и помалку пред спиење ќе се разбудите уморни и ќе имате потреба од повеќе кофеин.

SLIKA-3

Ќе бидете смирени – кофеинот е стимуланс кој го поттикнува нервниот систем и испушта адреналин кој не прави понервозни и подложни на стрес. Ги стеснува вените и така го покачува крвниот притисок.

Подобро варење на храната – кофеинот го поттикнува варењето на храната, но поради својата висока киселост, често може да создава и дијареа.

Помалку антиоксиданси – кафето е голем извор на антиоксиданси, елементи кои му се потребни на човекот за функционирање на целиот организам. Па затоа, надоместете ги со многу овошје и зеленчук.

 

Е.С.

pic1/ c-heads.com

pic2/ greatist.com

pic3/ mnn.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.