„Draping“ техника за нанесување руменило

Ова лето руменилото е повторно во мода. Mark Jacobs советува да престанете со контурирањето и да ја пробате новата draping техника за нанесување руменило.

Со оваа техника, исто како и со контурирањето можете да го менувате обликот на лицето, но на поинаков начин. Mark Jacobs лансира и производ целосно наменет за оваа техника. Се работи за руменилото Air Blush кое е достапно во 5 различни бои. Секоја боја се состои од 2 нијанси, светла и темна. Светлата нијанса служи за осветлување на делови на лицето, а темната за контурирање.

SLIKA-2

Еве неколку совети како да ја пробате оваа нова техника:

Обликување јаболкници. Нанесете руменило со темната нијанса на делот под јаболкниците нанесете кружна линија за тие да можат да добијат елипсовиден облик. На врвовите на темната нијанса, нанесете светла и сè добро изблендирајте.

Подигнување јаболкници. Со четка измешајте од двете нијанси и нанесете по должината на највисоките коски на јаболкниците, вилицата и страните на вратот. За подраматичен изглед, хоризонтално повлечете го руменилото од очите до косата.

Нагласување јаболкници. Измешајте ги двете нијанси, насмевнете се и нанесете го руменилото со кружни движења на четката, а потоа добро изблендирајте.

Обликување лице. За обликување на цело лице изберете ја саканата нијанса и нанесете над образите, над слепоочниците, на носот и на брадата, а потоа добро изблендирајте.

SLIKA-3

 

Е.С.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.