Како да консумирате повеќе семки?

Различните семки изобилуваат со витамини, минерали, билни протеини и влакна. Редовната консумација на семки може да го подобри здравјето без оглед на тоа дали тие се суви или сирови.

Ви нудиме неколку вкусни и лесни начини како да го зголемите консумирањето на семките, дури иако баш и не Ви се допаѓаат.

Послужете ги како грицки. Додека ја гледате својата омилена серија сервирајте семки во комбинација со јаткасти плодови. Нема ни да забележите кога се испразнила чинијата.

Декорирајте ја салатата. Семките се одлични за декорирање на салатата, како и за подобрување на нејзиниот вкус. Во комбинација со павлака или јогурт ќе добиете супер dressing за салата.

SLIKA-2

Декорирајте го домашниот леб или кифлички. Пецивата во пекарите изгледаат совршено ако врз нив има некоја комбинација од семки. Истите пецива можете да ги испечете и во домашни услови. Освен што можете да ги декорирате, можете да ги испечете и со цели семки во внатрешноста. Погодни се и за разни колачиња.

Додадете ги во сендвич. Можете да измелите семки од сусам или лен и да ги додадете во сендвичот. Така, сендвичот ќе го збогатите со минерали и омега-3 масни киселини, а ќе го олесните и варењето на храната.

Додадете ги во житариците за појадок. Без разлика на видот на житариците, секогаш во нив можете да додадете мелени и цели семки. Така, ќе добиете оброк полн со витамини, здрави масти и влакна.

SLIKA-3

 

Е.С.

pic1/ franciepie.com

pic2/ floatingkitchen.net

pic3/ twopeasandtheirpod.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.