Овошна вода за енергија и детоксикација

Покрај сите останати производи, водата е најмоќното оружје за енергија и детоксикација на организмот. Таа често пати не е забавна за пиење, но со додавање на овошје и билки во неа, едноставно, нема да престанете да ја консумирате. Еве како да ја подготвите:

Во тегла од 1 л најпрво ставете парчиња од посакуваното овошје, потоа додадете ги билките, нежно пиртиснете ги со толчник за да пуштат сок, наполнете ја теглата до горе со коцки мраз и на крај наполнете ја со вода. Оставете ја теглата да отстои во фрижидер барем половина час и потоа можете да ја консумирате.

Оваа вода во фрижидер можете да ја чувате најмногу 2 дена.

Неколку предлози за овошна вода:

Портокал, лимон и ѓумбир. Ја подобрува циркулацијата на крвта, работата на дигестивниот систем, лошиот здив и имунитетот.

SLIKA-2
bembu.com

Јагоди, лимета (или лимон) и чиа семе. Богат извор на анти-оксиданси, го спречува стареењето на кожата, помага при обновување на косата и ноктите.

SLIKA-3
greatist.com

Ананас и нане. Ја спречува појавата на артритис и го подобрува дигестивниот систем.

SLIKA-4
bembu.com

Краставица, грозје и малини. Помага при детоксикација на организмот и при борба против канцер.

SLIKA-5
bembu.com

Боровница и лаванда. Има смирувачко дејство врз организмот.

SLIKA-6
thekitchn.com

Јаболко и цимет. Помага при детоксикација на организмот и е одличен анти-оксиданс.

SLIKA-7
trimmedandtoned.com

 

Е.С.

pic1/1010hope.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.