Правилно седење за поздрави вени

Дали сте забележале како Ви се поставени нозете додека седите? Дали Ви се исправени, прекрстени, свиткани…?

Со неправилното седење не страда само грбот и половината, туку и нозете, бидејќи се врши притисок врз крвните садови. Проблемот со проширени вени, воспалени вени или застојот во циркулацијата на крвта го имаат и мажите и жените. Затоа, Ви нудиме неколку совети за правилно држење на нозете додека седите за поздрави вени:

Избор на столови и гарнитура за седење. Столовите и гарнитурата за седење не смеат да имаат остри и тврди рабови. Одберете ги оние со заоблени и меко тапацирани рабови.

Друго решение е седењето на топка за пилатес.

SLIKA-2

Начин на седење. Внимавајте на начинот на кој ги држите нозете додека седите. Избегнувајте да ги прекрстувате или да ги свиткувате. Додека седите,  нозете секогаш држете ги исправено потпрени на петите.

Компресивни чорапи за вени. Најдобра терапија при проблеми со крвните садови се компресивните чорапи, хулахопки или хеланки за вени. Постојат различни видови кои можат да ги носат и мажите и жените. Делуваат превентивно со што спречуваат замор и отекување на нозете и на крвните садови и ја подобруваат циркулацијата на крвта.

Избор на обувки. Доколку постојано стоите на нозе, не носете високи обувки. Изборот нека падне на удобни и ниски обувки во кои ќе има анатомски влошки. Тие овозможуваат правилна потпора, растеретување и правилно распоредување на тежината во стапалата.

 

Е.С.

pic1/ cbsnews.com

pic2/ fitnessgalore.net

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.