10 Make-up трикови за полесно шминкање

Здраво девојки. После мала пауза, почнувајќи од овој викенд, повторно секоја Сабота и Недела на сајтот mygalalie.com ќе може да ги следите моите текстови полни со совети, трикови и препораки за шминка и козметика.

Овој да го наречам „повратнички“ викенд, за Вас припремив 2 текста во кои ќе најдете голем број на трикови поврзани со шминка.

Денес ќе Ви пренесам 10 трикови со кои ќе си го олесните секојдневното шминкање, а веќе утре ќе може да прочитате трикови со кои ќе ја направите Вашата вечерна шминка безпрекорна..

Ова се 10 Make up трикови кои ќе Ви го олеснат секојдневното шминкање:

  1. Доколку сакате да направите гел лајнер за око, Вашиот обичен молив затоплете го со запалка. Така моливот односно црнката на моливот ќе омекне и многу лесно и едноставно ќе може да ја нанесете.
  2. Доколку сакате да ја зголемите пигментацијата на некоја сенка, пред да ја нанесете, на очниот капак нанесете бел креон како подлога.
  3. Нацртајте на надворешниот агол од окото со помош на креон за очи во темна боја по избор  и изблендајте. На овој начин веднаш ќе добиете „smokey eye“ ефект .
  4. Доколку Вашата омилена маскара е исушена, а сеуште сакате да ја користите, нанесете неколку капки на течност за контактни леќи во неа. На тој начин, маскарата повторно ќе може да се користи.
  5. Доколку сакате лесно и брзо да ги извиткате трепките на Вашите очи, загрејте го Вашиот виткач за трепки сопомош на фен за коса пред да го употребите за виткање на трепките.
  6. Доколку сакате Вaшиот кармин да остане на Вашите усни во текот на целиот ден, одкако ќе го нанесете на усните, преку него ставете тенко марамче и потоа со четка нанесете пудер во камен на усните. Ова ќе го матира карминот и ќе го задржи на усните долго.
  7. Истакнете ги очите така што ќе ги прекриете Вашите подочници со помош на коректор, но притоа нанесете го вовид на триаголник.
  8. Доколку сакате да го продолжите векот на Вашата шминка во текот на денот, ставете тенко марамче на Вашето лице и со нежно притискање одстранете ја сета маснотија која се насобрала во текот на денот. Тоа ќе и помогне на шминката која веќе сте ја нанеле, да остане што подолго на лицето.
  9. Доколку имате проблем во нанесувањето на карминот, на горната усна, токму на средината каде се најиспакнатите делови, направете Х па така полесно ќе може да ги следите контурите на усните.
  10. Направете природни контури на лицето така што ќе прислоните пенкало или некој друг предмет во таков облик , на местото каде сакате да направите контури, и следете го предметот. Така правилно ќе ја нанесете темната боја која потоа со блендање ќе создаде контури на Вашето лице.

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.