Колку четки за шминкање ни се потребни?

Сигурни сме дека во домот имате премногу четкички за шминкање, кои многу од нив не ги ни употребувате. Кога не се употребуваат тие собираат прашина, а веќе потоа не се ни здрави.

Затоа Ве советуваме да одвоите 3 четкички кои навистина ќе ги употребувате.

Ова се четкичките кои навистина Ви се потребни:

Мала и цврста, исечена накосо. Оваа четкичка можете да ја употребувате за сè она што бара прецизност: обликување и шминкање веѓи, нанесување кармин, нанесување сенки во вид на ајлајнер, нанесување течен или гел ајлајнер.

Рамна, сплескана и цврса, налик на весло. Оваа четкичка можете да ја употребувате за нанесување сенка, подлога, коректор, хајлајтер.

Мека четка во облик на купола. Оваа четкичка можете да ја употребувате за нанесување на пудра, бронзер и блендирање на лицето. Нека биде со средна големина.

 

SLIKA-2

 

Е.С.

pic1/ pecsma.hu

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.