Црвената чинија и килограмите

Доколку сакате да ги намалите килограмите и сакате да јадете помалку кога ќе седнете да трпезариската маса, Ве советуваме да си поставите црвени чинии.

Лицата кои својата храна ја сервираат во црвени чинии јадат за 40% помалку храна од храна сервирана на пример, во бели чинии.

Објаснувањето за ова е дека самата црвена боја се поврзува со опасност, предупредување или забрана, па веројатно според нагонскиот инстинкт луѓето јадат помалку од црвените садови.

Истото се случува и со црвени чаши. Црвените чаши ја намалуваат потребата за пиење.

Затоа, подобрете го процесот на слабеење со црвени чинии. Исто така, употребувајте ги кога јадете нездрава храна, но не и кога јадете здрава храна.

 

Е.С.

 

pic1/ keyword-suggestions.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.