Пилинг на кожата за подолготраен и убав тен

Денес постојат голем број препарати кои го подобруваат изгледот и го успоруваат стареењето на кожата. Но, за да бидат сите тие препарати поефикасни, потребно е постојано да правите површински и длабински пилинг.

Со комбинација на неоргански хемиски пилинг кој содржи гликолна киселина и со витамински коктели, се зголемува синтезата на калоген и еластин, се отстрануваат мртвите клетки и нерамномерната пигментација. Исто така, се израмнуваат брчките, се подобрува структурата на кожата и се овозможува создавање на нови клетки. Кожата станува тонирана, мека, нежна и подмладена. Овие пилинзи препорачливо е да се прават на пролет, а по нив треба да следи и стручна масажа. Тие го избелуваат тенот дури и кај оние кои се пушачи или кај оние кои имаат изразено црвенило на кожата.

SLIKA 2

За тоа, кој тип на пилинг ќе Ви одговара на Вашата кожа, треба да се посоветувате со стручно лице. Типот на пилингот треба да се менува во секое годишно време.

 

Е.С.

pic1/ instyle.com

pic2/ parade.com

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.