„Smoothie“ со банана и ѓумбир

Доколку имате проблем со варење на храната, жиговина, мачнина или други проблеми со дигестивниот систем подгответе со smoothie со ѓумбир кој е природен лек против овие проблеми.

Потребни состојки:

1 банана

180 мл јогурт со вкус на ванила

1 супена лажица мед

½ супена лажица рендан ѓумбир

SLIKA-2

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Послужете во 2 чаши и декорирајте со парчиња банана.

Нутритивни вредности (1 чаша):

157 калории, 1 гр масти, 0.8 гр заситени масти, 57 мг натриум, 28 гр шеќери, 34 гр јаглехидрати, 1.5 гр влакна, 5 гр протеин.

 

Е.С.

pic1/ purelean.com

pic2/ foodiejunky.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.