Освежувачите на простории и здравјето

КАКО ВЛИЈААТ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО ОСВЕЖУВАЧИТЕ ЗА ПРОСТОРИИ?

Продажбата на освежувачите на простории, парфемите и миризливите свеќи постојано расте, а со тоа расте и појавата на алергии.

Една третина од луѓето имаат проблеми со здравјето поради зголемената употреба на овие производи. Телото веднаш не реагира на овие хемикалии, но следниот пат кога ќе дојде во контакт со нив реагира со појава на екцеми и дерматитис. Ова, понатаму може да се развива до појава на алергии или астма.

Кај лицата со астма може да дојде до проблеми со дишењето, кивање, иритација на дишните патишта или течење на секрет од носот.

SLIKA-2

Освен тоа, овие мириси можат да предизвикаат и тешка главоболка и мигрена. Можат да ги активираат нервите во носот и да го стимулираат нервниот систем поврзан со главоболката.

Затоа, доколку веќе имате екцеми, Ве советуваме да ги избегнувате освежувачите на простории, парфемите и миризливите свеќи, бидејќи тие дополнително можат да Ви создадат рани на кожата. Оние кои имаат проблем со главоболка и мигрена, Ве советуваме да водите дневник за навреме да откриете кој мирис Ви пречи.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

pic1/ parishiltonautopsy.com

pic2/ everydayfeminism.com

pic3/ butterflybeautyshop.wordpress.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.