Нов изум: Магнетни трепки

Вештачките трепки се одличен моден додаток, но не секој знае да ги употреби. Девојките често завршуваат со премногу истечен лепак од трепките или пак, со погрешно наместени трепки.

Токму поради тоа, брендот One Two Cosmetic лансира нов и многу практичен изум – магнетни трепки.

Овие трепки се многу практични и можете да ги употребувате многу пати, за разлика од овие кои нам нѝ се многу познати. Со овие магнетни трепки, Вашите трепки ќе изгледаат многу погусти – ефект кој сите сакаат да го постигнат, благодарение на двата пара трепки кои се ставаат на едно око и се поврзуваат со магнет. Едното парче оди над, а другото под Вашите вистински трепки. Тие се прицврстуваат кога магнетите ќе се спојат.

SLIKA-2

Сигурни сме дека на почетокот ќе Ви треба време додека ја совладате техниката на ставање, но подоцна нема да се одвоите од нив. За разлика од другите трепки кои кога ќе ги залепите и кога ќе се исуши лепакот не можете повторно да ги наместите без да Ви се уништат, овие магнетни трепки дозволуваат да погрешите и повторно да ги поправите без никаков проблем.

Овие трепки би требало да бидат дадени на продажба во месец Септември, на официјалната страна на One Two Cosmetic. Можеби ќе бидат поскапи од овие кои веќе ги употребуваме, но дефинитивно вредат за цената, а најголемата причина за тоа е дека се сосема безбедни за окото.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

pic1/ beautyboutiquela.com

pic2/ aletania.com.br

pic3/ glambabble.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.