Есенски make-up трендови

Колку и да сакаме летот да остане сеуште, барем јас би сакала , сепак есента полeка пристигнува, а со неа и новите светски трендови.

Така, денес сакам да Ви ги претставам есенските трендови кога станува збор за шминка.

Оваа есен темните нијанси на кармини за усни дефинитивно се ин, а особено бордо нијансата со која ќе ги истакнете Вашите усни и ќе постигнете женствен и сензуален изглед.

Оваа есен  се ќе се „врти“ околу поместувањето на границите и изнаоѓањето на нови начини на нанесување и комбинирање на црното моливче и глитерот.

-Драматичиот изглед на очи постигнат со црно моливче кое е нанесено во дебела линија на долниот капак на очите дефинитивно е еден од трендовите оваа есен. Направете го тоа онака како што Вам најмногу Ви одговара, во дебелина и интензитет но не заборавајте да го изблендате за да го постигнете тој драматичен изглед.

SLIKA-1

-Темните нијанси на усни се следниот тренд кој оваа есен ќе биде ин. Темно виолетова, борда па дури и црна боја на усни е идеален избор за оваа есен доколку сакате да изгледате модерно и тренди. Изберете ја онаа боја на кармин за која сметате дека најдобро Ви стои, но не заборавајте да одберете најтемната нијанса. И секако, сјајните кармини оваа есен се вратија на голема врата. Погрижете се Вашите усни да бидат сјајни и хидрирани.

SLIKA-2

– Уште еден тренд оваа есен се светките во облик на сенки за очи. Но, нанесени во сосема софистициран и интересен начин кој ќе ја истакне убавината на Вашите очи.

SLIKA-3

-Секогаш кога избираме производи за шминкање во праскасти нијанси, тоа го правиме на пролет и лето. Но, оваа есен, шминкерите воведоа нов тренд и покажаа како овие нијанси на праска можат одлично да се вклопат во есенска шминка

slika-4

– Јаката црвена боја на кармин е специфична но и драматична. Па токму затоа, оваа есен, усните во оваа боја се целосен погодок. Направете дневна варијанта на шминка каде на усните ќе нанесете јака црвена боја  и тоа нека го има фокусот на Вашето лице. На очите нанесете тенок слој на маскара.

slika-5

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

pic1/ priceline.com.au

pic2-5/harpersbazaar.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.