Вежби за вените

За да ја спречите или намалите појавата на обојување на вените, Ве советуваме постојано да правите одредени вежби и активности, како: трчање, танцување, пливање, возење велосипед, фитнес во вода, скијање и слично. Исто така, можете да правите вежби за вени и додека седите. Еве неколку предлози:

Вежба 1: Седнете на стол. Едната нога право истегнете ја на подот, а другата приближете ја до телото. Повторувајте ја оваа вежба неколку пати.

SLIKA-2

Вежба 2: Седнете на предната половина на столот, со колената свиткани под прав агол. Прстите на нозете истегнете ги, па вратете ги во нормална позиција. Оваа вежба повторете ја неколку пати. Потоа, наизменично кревајте го едното стапало на петата, па на табаните, а потоа другото. Додека ги правите овие вежби, постојано притискајте ги нозете на подот.

Вежба 3: Седнете на предната половина на столот, а рацете прекрстете ги позади на грбот. Испружете ја едната нога и движете ја во круг 10 пати надесно, па 10 пати налево. Истата вежба направете ја и со другата нога.

Вежба 4: Цврсто држете се за рабовите на столот. Испружете ја едната нога и силно протересете ги стапалото, глуждовите, листовите и колковите, а потоа и другата.

 

Е.С.

 

pic1/ rd.com

pic2/ beautylish.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.