Како да ја негувате русата коса?

Природната руса коса е голема реткост, па многу девојки и жени употребуваат фарба за да постигнат нијанси на руса коса. Честото хемиско третирање на косата, може да остави негативни последици врз неа. Затоа, најдобро би било при фарбањето на косата да го посетувате својот фризер и да се консултирате со него за тоа колку често треба да ја фарбате и како да ја третирате по фарбањето. Најчесто, за совршена руса нијанса би требало да се фарбате на секои 4 недели.

SLIKA-2

Многу брендови нудат шампони за одржување на долготрајноста на русата боја, кои се состојат од виолетови микро пигменти. За сувите и оштетени врвови најдобар избор се природните масла, како аргановото и бадемовото масло. Исто така, сами можете да си подготвите домашни маски за коса од мед, јајца или банана во комбинација со лимон.

Многу е важна заштитата од УВ зрачењето, особено во летниот период, бидејќи тоа дополнително го оштетува влакното.

SLIKA-3

Водете сметка и за правилната исхрана. За нега на косата од големо значење е консумирањето на јаткасти плодови, кокосово и маслиново масло, како и протеини од билно и животинско потекло.

 

Е.С.

 

pic1/ stylished.de

pic2/ opcosmetics.com

pic3/ tumblr.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.