Внимание при купување на производ за нега

НА ШТО ТРЕБА ДА ВНИМАВАТЕ КОГА КУПУВАТЕ НОВ ПРОИЗВОД ЗА НЕГА И УБАВИНА?

Сите знаеме колку е важно да употребуваме производи за нега и убавина на кожата и лицето, но треба да бидеме многу внимателни при изборот на производите кои до тој момент не сме ги употребувале, бидејќи може да настанат и сериозни последици од нивната употреба. Колкумина од Вас го купуваат новиот производ, без да ја прочитаат етикетата на која ги пишува состојките, само затоа што тој производ пишува дека е на природна база?

Еве на што треба да внимавате во вакви случаи:

slika-2

Внимавајте на латинските имиња. Кога состојките се напишани на латински јазик, обично покажува дека тој производ навистина е природен, но внимавајте на долгите и комплицирани имиња – најчесто тоа означува дека се состои и од хемикалии кои можат да бидат штетни по здравјето.

Внимавајте на состојките. На етикетите на козметичките производи состојките се запишани редоследно по количина. Започнуваат со најголемата концентрација на состојки, а завршуваат со најмалата. Затоа, внимавајте на концентрацијата на главната состојка поради која го купувате производот. Доколку е на крајот на листата, тоа значи дека неговата концентрација е премала, со можност и воопшто да не постои и обратно.

SLIKA-3

Внимавајте на штетните состојки. Не смеете да го игнорирате сето она што го ставате на Вашето тело, особено не смеете да ги игнорирате штетните состојки. Еве некои од нив: Paraben, Toluen, Coal Tar, Natrium lauril (eter) sulfat, Mea/Dea/Tea, Formaldehid, Hidrokinon, Oksibenzon.

 

Е.С.

 

pic1/ mouthsofmums.com.au

pic2/ ecoparent.ca

pic3/ mirror.co.uk

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.