Намалете го потењето со овие производи

Без разлика на редовната хигиена и употребата на најразлични козметички производи, во текот на летниот период постојано се потиме. Но, овој проблем може да се реши едноставно и преку исхраната. Еве кои производи можат да го намалат потењето:

Маслиново масло. Ова масло редовно употребувајте го како додаток во салатите. Избегнувајте маргарин и сончогледово масло, кои на висока точка на вриење се претвораат во штетни состојки, кои потоа телото ги отфрла низ порите на кожата како токсини.

Етерични масла. Маслото од чемпрес има антибактериско и смирувачко дејство врз кожата. Маслото од црн ким помага во отстранување на габични и бактериски инфекции и се нанесува под пазувите директно на кожата.

Храна богата со влакна. Тука спаѓаат бобинките, лисестиот зеленчук, разни семки, житарици и јаткасти плодови. Исхраната во текот на летниот период 90% треба да се состои од храна богата со влакна.

Јаболков оцет. Помага во одржување на линијата и во отстранување на токсините во телото.

Чај. Чајот, особено зелениот чај, најдобро е да го пиете наутро на празен желудник. Не само што ќе ги отстраните токсините, туку ќе го спречите и дехидрирањето на организмот. За да го отстраните непријатниот мирис од телото, со зелениот чај можете да ги измиете рацете, нозете, пазувите и сите оние делови на телото каде што се потите.

slika-2

Риба и брокула. Црвеното месо заменете го со риба. Рибата содржи калциум кој помага при намалување на потењето. Исто дејство имаат и портокалите и брокулата.

Избегнувајте цигари, кафе и алкохол. Алкохолот ја зголемува телесната температура, а кафето и цигарите ги активираат потните жлезди. Кафето можете да го замените со ладно бескофеинско кафе или леден чај и избегнувајте цигари и пијачки со висок процент на алкохол.

slika-3

 

Е.С.

 

pic1/ stylecraze.com

pic2/ livestrong.com

pic3/ smokerswrites.wordpress.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.