Масла за секое годишно време, особено за лето

Во текот на летото, при секојдневното изложување на сонце, на Вашата кожа ѝ е потребна хидратација и регенерирање, а исто и на косата и ноктите. Ова се „must have“ 3 масла на природна база кои имаат благотворно дејство врз негата на Вашата кожа, коса и нокти.

Маслиново масло. Веќе одамна ова масло престана да се употребува само во кујната. Ова е еден од најприродните препарати за сончање со кое ќе добиете блескав тен. Кожата ја прави мека, нежна и мазна на допир. Доколку го помешате со малку кафеав шеќер, ќе добиете одлично средство за пилинг на кожата.

SLIKA-2

Рицинусово масло. Ова масло нанесено на кожата, продира длабоко во нејзините пори со што го стимулира лачењето на еластин и колаген, ја потхранува и хидрира, ги решава проблемите со акните и ја намалува појавата на брчки на лицето. Со редовно нанесување на трепките, тие ќе станат погусти, а доколку го нанесувате на косата, таа ќе стане сјајна и свиленкаста. Исто така, помага и при изгореници.

Кокосово масло. При употребата на кокосовото масло нема никакви нуспојави. Штити од разни вируси и бактерии, од разни срцеви заболувања, помага при варењето на храната и при намалување на килограмите, го зајакнува имунитетот и го забрзува метаболизмот. Помага при осипи и изгореници. Одлично е за нега на ноктите и косата и за посјајни заби. Освен тоа, се употребува за масажи и депилација.

SLIKA-3

Шопинг помошник: Sensilis масла Галафарм

 

Е.С.

 

pic1/ perfectlyessentialoils.com

pic2/ biancasbeautyblog.blogspot.mk

pic3/ collective-evolution.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.