Нега и типови на кожа

Дали вистински ја познавате вашата кожа? Свесноста за типот на кожа кој го имате е многу важна за користењето на одредени козметички производи. На тој начин, полесно ќе можете да ги одберете производите за нега. Препорачливи се консултации со вашите дерматолози особено доколку имате поосетлива кожа и склони сте кон алергиски реакции, а можеби поделбата на типови кожа со своите карактеристики ќе ви помогне да се пронајдете во која од овие поделби се наоѓате:

presek-na-koza
Дали вистински ја познавате вашата кожа?

Сува кожа

Главни карактеристики: Склона е кон полесно пукање и перутење, посклона е кон инфекции и брчки.

Некои од причинителите: Генетски, надворешни фактори и неправилно користење на одредени производи.

Совети: Користење на препратати препорачани од стручно лице односно препарати наменети за овој тип на кожа кои ќе ја заштитат кожата од пукање и лупење а ќе ја хидрираат и ќе и ја пружат потребната влажност. Тоа може да бидат креми/млека кои вас ви одговараат, а истите е најпрепорачливо да се нанесуваат особено после бањање.

Немојте да го миете лицето со сапуни кои дополнително ќе ја исушат кожата.

Избегнувајте многу топла вода бидејќи таа дополнително ја суши кожата.

Внесувајте течности особено вода, која не само што е корисна за кожата туку и за целокупниот организам.

*Наш предлог за производи кои ќе ви ја омекнат и заштитат од иритации вашата кожа: Вазелин (особено ефективен за испукана кожа на рацете и алергиска реакција од студ), бадемово масло и маслиново масло (кое може да се користат посебни и како смеса во маски за нега на сува кожа), Детска витаминска крема (особено погодна за деловите каде што кожата е посебно сува и иритирана).

tipovi-koza
типови на кожа

Мрсна кожа

Главни карактеристики: Погрупа и подебела, со изразен мрсен сјајособено на деловите кај носот, брадата, челото,  порите на кожата се поотворени при што се зголемува ризикот за акни и метисери,

Совети: Да се избегнува многу шеќер- ги активира лојните жлезди поради кои најчесто е кожата мрсна.

Во консултација со стручно лице да се изберат продукти кои ќе и годат на вашата кожа, односно ќе ја негуваат здрава и чиста со оглед на тоа што покрај влијанието кое го има од храната, мрсната коса е магнет за прашина, нечистотии и други надворешни влијанија.  Потребна е нега на ваквата кожа со млека/креми наменети а овој тип на кожа, како и хидрирање и чистење со тоник или гел кој не содржи масла.

И кај овој тип на кожа да се избегнува жешката вода бидејќи ги шири лојните жлезди.

Исто така се препорачуваат и маски за лице за чистење на порите кои се проширени, маски кои ја собираат маснотијата од кожата.

Совет плус: Немојте да го чепкате лицето често и од навика, со цел да избегнете инфекции и нечистотии, рацете секогаш да ви бидат чисти кога го допирате лицето.

Добра страна: Кај овој тип на кожа знациите за стареење се помалку видливи, поради нејзината еластичност.

 

Комбинирана кожа

Главни карактеристики: Некои делови од телото се помрсни (како на пример пределот кај носот, челото и брадата), а некои делови се суви до нормални. Нема изразен масен сјај и раширени пори.

Совети: И кај овој тип на кожа е исто така потребна нега како редовно миење и чистење на лицето особено во делот каде што е помрсна и склона кон акни. Користењето на  маски за пилинг на лицето се исто така добредојдени. Важно е да ја хидрирате и одржувате чиста.

 

Нормална кожа

Главни карактеристики: Нема изразен масен сјај и раширени пори, има природен здрав и свеж сјај, мазна е без акни и флеки.

Совети: Иако овој тип на кожа е најмалку проблематичен, сепак треба редовно да се негува и чисти за да не дојде до губење на сјајот и еластичноста на кожата. Треба да се одржува со користење на средства кои и годат на оваа кожа-не ја сушат ниту ја мрсат, и убаво е да се има практика за користење на  маски односно пилинзи за нега на лице.

 

Ц.Б.