Серум за лице – што е и како се употребува?

 Денес, козметичката индустрија е една од најразвиените па со самото тоа на пазарот може да најдете голем број на различни препарати. До пред некое време, кремата за лице беше единствениот препарат кој повеќето жени го користеа, а маските , пилинзите и серумите за лице беа достапни само во салоните за убавина.

Но , со тек на времето и развојот на оваа индустрија, па и развојот на свеста кај жените и се поголемата нивна потреба и желба за нега и разубавување, ваквите препарати стигнаа во сите дрогерии па сега се достапни за секојдневна употреба. Маските и пилинзите за лице се доста распространети и за нив се пишува многу. Тие станаа дел од негата на секоја жена, а оној производ за кој јас денес сакам да зборувам е серумот за лице, кој е поголема мистерија од останатите производи.

Серумот за лице претставува нешто поконцентриран производ од самата крема, кој лесно и брзо се впива во кожата на лицето и притоа длабински ја негува до нејзините најдлабоки слоеви. Серумите за лице се производи кои се базираат на вода, а во себе содржат далеку поголема концентрација на активни состојки за нега на лицето, па затоа и подобро и поделотворно ја негуваат кожата. Иако, честопати се мисли дека серумите се дел од anti-age негата, но тоа не е точно . Секако дека постојат и такви серуми,но исто така постојат серуми за лице прилагодени на типот на кожа и возраста. На тој начин, секој серум ја дава потребната нега на соодветниот тип на кожа .

Серумот е производ кој обично се нанесува на листа кожа веднаш по нејзиното миење со гел. Така, серумот ќе се впие длабински во кожата и ќе ја припреми за подобра апсорпција на сите останати препарати кои ќе ги нанесете на неа, како што е дневната крема итн. Исто така, серумот може да се нанесува и по нанесување на дневната крема или на некој друг начин доколку тоа е назначено на самото пакување. Сепак, најдобар тип на серуми се оние за хидратизација на кожата бидејќи и ја враќаат живоста.

Серумот е тип на производ за нега на лице кој најдобро одговара на масна кожа поради неговата основа која е водата, и неговата геласта структура која нема да ја масти дополнително самата кожа на Вашето лице. Масната кожа не е обожавател на кремите за лице, па колку и да се тие наменети за масен тип на кожа, сепак серумот е подобар избор бидејќи покрај другото, тој спречува појава на акни како резултат на неговата длабинаска нега на лице и големиот број на активни состојки. Затоа, серумот се нанесува во доста мала количина, односно 2-3 капки се доволни за целото лице. Од тука, може да видиме дека серумот всушност е крема со доста поголема концентрација и изменете структура погодна пред се за масна кожа.

Водена од сите овие сознанија и информации, а бидејќи мојот тип на кожа е масен,  јас заполнав со користење на серум за лице и тоа серумот на линијата Sebo Vegetal на брендот  Yves Rocher. Се одлучив за овој серум бидејќи пред се станува збор за природен препарат, како и сите производи на овој бренд, а пред се поради тоа што е наменет за масна кожа на лице.

SLIKA-2

Моите впечатоци за овој производ се извонредни. Серумот ја матира мојата кожа, ги затвора проширените пори и ги прави скоро па невидливи, а покрај другото значително ми помогна во борбата со акните кои се секојдневие кај лицата со масна кожа. Моето лице никогаш не ги сакало премногу кремите за лице, па честопати иако тие се специјално наменети за масна кожа, се случувало да излачува повеќе себум. Откако започнав да го користам овој серум како дел од мојата секојдневна рутина, мастењето на моето лице е под целосна контрола во текот на целиот ден.

SLIKA-3

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

pic1/ savjetnica.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.