Неодоливо вкусно: „Smoothie“ со кафе и ореви

Вистинските кафе-зависници ќе го обожаваат ова smoothie. Ви предлагаме Вашето инстант кафе да го збогатите со малку ореви.

SLIKA-2

Потребни состојки:

1 шоља ладно млеко

1 кафена лажица инстант кафе

3-4 ореви

1 доза ванила во прав

1 супена лажица мед

1 супена лажица парченца чоколадо или чоколаден прелив

Мала топка сладолед од ванила (по избор)

SLIKA-3

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека да добиете кремаст и соединет пијалок. Содржината сипете ја во чаша и декорирајте со малку кафе.

 

На здравје!

 

Е.С.

pic1/ kiipfit.com

pic2,3/thedeliciousbalance.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.