Дневна и ноќна крема за нега на лице

Во текот на денот нашата кожа е изложена на создавање слободни радикали, на УВ зрачење, топол или ладен воздух, нечистотија, стрес и слично, додека пак, во текот на ноќта кожата интензивно работи на своја регенерација, која е 2 пати поголема отколку во текот на денот. Регенерацијата особено е интензивна во периодот од 23 часот навечер до 04 часот наутро, каде што се зголемува производството на еластин и колаген.

И дневната и ноќната крема се од голема важност за нега на кожата на лицето и дефинитивно мора да се употребуваат и двете креми.

Дневната крема се состои од SPF фактор, има полесна текстура за да може полесни и побрзо да се апсорбира во кожата, се употребува за заштита на кожата од сите ризик фактори од околинатаи врз неа може да се нанесува шминка.

Ноќната крема служи за обнова на кожата, има побогата структура и врз неа не се нанесува шминка. Во текот на ноќта кожата подобро ги искористува активните состојки од кремата. Оние креми кои содржат ретинол, активно се борат и против создавање брчки. Не содржи SPF фактор бидејќи не е потребно и бидејќи тоа може да го намали дејството на другите состојки, особено на ретинолот.

nokna-i-dnevna

Без разлика на тоа дали станува збор зананесување на дневна или ноќна крема, најважно е најпрво темелно да го исчистите лицето од нечистотијата, за кога ќе ја нанесете кремата, таа да може да делува.

 

Шопинг помошник: Sensilis дневна и ноќна крема од Галафарм

 

Е.С.

 

pic1/ howfacecare.com

 

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.