Како побезболно да ги отстраните влакненцата?

Сигурни сме дека барем повеќето од жените до сега имаат некоја омилена метода за отстранување на влакненцата од телото. Но, многу е важно да знаете дали таа метода е ефикасна не само за отстранувањето на влакненцата, туку и за Вашата кожа. Сигурно не сакате да завршите со исеченици и иритации.

Спречете ги враснатите влакненца. Овие враснати влакненца најмногу се појавуваат во бикини зоната. Тие наместо да излезат надвор – растат во кожата, а тоа резултира со акни. Затоа, направете си пилинг пред и по отстранувањето на влакненцата. На овој начин, фоликулите на влакната ќе останат чисти и отворени и влакненцата нема да бидат блокирани под кожата.

SLIKA-2Совршено мека бикини зона. За да имате совршено мека бикини зона влакненцата треба да ги отстраните со восок. Тоа можете да го сторите кај козметичар или пак, сами. Сеедно, болката и црвенилото на кожата секако ќе ги има, барем истиот тој ден. Но, денешните комплети за депилирање се едноставни за примена, а болката е сведена на минимум.

Крема за отстранување на влакненцата. Овие креми имаат многу пријатен мирис и по нанесувањето делуваат многу брз, околу 3 минути. За подолготраен резултат на овие креми, употребувајте ги веднаш по туширање со топла вода, кога влакненцата се сеуште меки и полесни за отстранување. Освен креми, во продавниците можете да најдете и гелови и пени за отстранување влакненца. Но, без разлика на тоа што ќе нанесувате, секогаш тестирајте ја реакцијата на кожата на овој препарат на мал дел кој имате намера да го депилирате.

SLIKA-3

Ефект од бричење. Движењето на бричот треба да биде лесно и рамномерно. Доколку не ги менувате редовно жилетите, а притоа и набрзина го движите бричот по кожата, постои можност од исекотини и иритација на кожата. И жените, исто како мажите, можат да нанесуваат гел после бричење. Тоа е хидратантен препарат кој овозможува поспоро растење на влакненцата.

 

Е.С.

 

pic1/ brazilkadepilace.cz

pic2/ bellebeauty.fi

pic3/ shape.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.