Сјајни и заводливи усни

Без разлика на тоа, колку добар облик на усни имате, доколку се испукани нема никого да привлечат. Наспроти тоа, мазните усни најдобро ги задржуваат сјајот и карминот, но дури и без шминка изгледаат заносно. Во продолжение Ви предлагаме правилна дневна нега за Вашите усни:

sjajni-usni2
четкање на усните со мека четкичка за заби

Наутро – Дел од Вашиот утрински ритуал треба да биде четкање на усните со мека четкичка за заби или со влажна фротирска крпа со цел ослободување од сувите и испукани усни, со времетраење од 1-2 мин. По четкањето, исушете ги усните со сува крпа и нанесете балзам. Дури потоа можете да нанесете кармин.

Во текот на денот – Претераното изложување на сонце може да доведе до исушување на усните. Затоа, задолжително користете балзам за усни со доволно голем фактор на заштита од сонце. Доколку, пак, користите кармин, најдобро е да користите кармин 3 во 1, кој во исто време ги влажни и ги штити усните од сонце и кармин кој во себе содржи витамин Е.

stik-za-usni
Стик за усни со прополис – ГАЛАФАРМ

 

Гала совет: Балзамите за усни со камфор или прополис се специјално направени за оштетени усни.

Пред спиење – Секоја вечер усните негувајте ги со квалитетен балзам за дополнителна влажност.

1

Гала совет: Доколку немате балзам за усни, можете да користите и крема која е наменета за пределот околу очите.

 

Е.С.