Диета која одговара на Вашите години

Една иста диета во различен период од животот не дава исти резултати. Исто така, килограмите полесно можете да ги намалите во пораните години од животот, отколку во подоцните. Како што старееме, нашиот метаболизам се успорува, па поради тоа, мораме да водиме сметка што јадеме и колку калории внесуваме. Ова е причината зошто не можете да ги намалите килограмите доколку држите диета. Затоа, прилагодете ја храната со Вашите години за успешно слабеење.

Од 20 до 29 години. Соодветна диета за Вас е овошната, бидејќи овошјето е богато со витамини кое е одлично во комбинација со физички активности. Со неа ќе го подобрите метаболизмот и побрзо ќе ги согорувате калориите.

SLIKA-2

Од 30 до 39 години. За Вас соодветни се оние диети со кои во текот на еден месец ќе изгубите од 2 до 3 кг., односно тоа се диети на база на зеленчук. Не смеете да практикувате побрзи диети, бидејќи кожата може да се опушти, па на тој начин ќе изгледате постари. Секако, не ја заборавајте физичката активност.

Од 40 до 49 години. Идеални се диетите кои вклучуваат ориз, риба и морски плодови. Најмногу храна треба да консумирате при појадокот и вечерата која ќе биде во раните вечерни часови.

SLIKA-3

Над 50 години. Ензимите најдобро ги разложуваат маснотиите, па затоа консумирајте многу ананас, кој исто така, одличен е за системот за варење на храната. Храната поделете ја на 4 до 5 порции во текот на денот.

 

Е.С.

 

pic1/ uconn.spoonuniversity.com

pic2/4li.co

pic3/ healthydiettips.cf

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.