Протеински шејк со вкус на пита од јаболко

Дали има нешто подобро од уживање во омилената пита со јаболка, но овој пат во вид на вкусен и богат кремаст шејк? Совршен е за појадок, па затоа топло Ви го препорачуваме.

SLIKA-2

Потребни состојки:

½ шоља безмасна урда

1 кафена лажица протеински прав од ванила

½ шоља ситно сецкана јаболка

Прелив од карамела

Малку цимет

5 коцки лед

½ или 1 шоља вода (зависи од посакуваната густина)

2-3 ливчиња стевиа или ½ кафена лажица засладувач

1 кафена лажица екстракт од путер

SLIKA-3

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со шлаг, прелив од карамела и цимет.

Нутритивни вредности (1 чаша):

калории – 213

масти – 0 гр

заситени масти – 0 гр

шеќери – 10 гр

јаглехидрати – 16 гр

влакна – 2 гр

протеини – 36 гр

 

Е.С.

 

pic1/ recipeshubs.com

pic2/ bacontoday.com

pic3/ theseasonedmom.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.