Помош за проширени пори на лицето

Пастата од сода бикарбона е одлично средство за да ги отстраните проширените пори на лицето, но и за отстранување на акните. Оние кои имаат чувствителна кожа, многу внимателно да ја употребуваат оваа паста, бидејќи може да дојде до иритација.

SLIKA-2

Пастата можете да ја подготвите на тој начин што во еден сад ќе ставите 2 кафени лажици сода бикарбона и 2 кафени лажици топла вода. Потоа, започнете со нејзино нанесување на лицето со кружни движења. Тријте го лицето со пастата најмногу 30 секунди, исплакнете го со ладна вода и нанесете тоник подготвен од чај од камилица и 2 супени лажици јаболков оцет. Камилицата ќе Ви ја омекне кожата, а јаболковиот оцет ќе ги убие бактериите и ќе ја отстрани нечистотијата од лицето.

Оваа постапка повторувајте ја секоја вечер, во текот на 7 дена, а потоа повторувајте ја од 3 до 5 пати неделно.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

pic1/ cromoda.com

pic2/ lepotica.rs

pic3/ prirodnoizdravo.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.