Хартија за матирање: Со што може да ја замените?

Доколку во себе немате пудра за матирање на кожата на лицето, слободно можете да посегнете по практичните хартии за матирање. Нив можете да ги набавите во дрогериите. Премногу се лесни за употреба, а може да ги собере и во секоја торбичка. Но, цените на овие хартии честопати е висока, па затоа Ви нудиме евтина алтернатива.

Овие хартии за матирање слободно можете да ги замените со филтери за кафе или хартии за скара.

SLIKA-2

Тие се изработени од сличен материјал како и хартиите за матирање и немаат дополнителен мирис или состојки кои можат да ја иритираат кожата на лицето.

SLIKA-3

Филтер хартијата исечете ја со ножички на помали парчиња, доволни за една употреба. Земете едно парче од исечената хартија и ставете ја на пределот на челото, околу носот или на она место каде што Ви е масна кожата. Хартијата ќе ја апсорбира маснотијата.

Употребувајте ги по потреба, секогаш кога лицето ќе почне да Ви се масти.

 

Е.С.

 

pic1/ makeupandbeauty.com

pic2/ youtube.com

pic3/ evoke.ie

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.